Во крајот на осумдесетите години Џејсон Донован беше една од најголемите музички звезди. Многумина му завидуваа што во тоа време ја “смува“ Кајли Миног. Во време на најголемата популарност парот го сними големиот хит “Especially For You“.
После неколку неуспешни албуми, тој во деведесетите се обиде и преку учество во реалите програмата “I’m A Celebrity…” да се врати на сцената. Но, и тие обиди пропаднаа, па остана само да се запамети како мозички симбол на осумдесетите.
Денеска Џејсон има 51 година, и не се грижи многу за својот имиџ и кариера. Овие денови тој бил фотографиран по бели гаќи пред својот дом во Велика Британија. Имено, тој му помогнал на комшијата чии дом го зафатил пожар да го активира систем за гаснење пожар.
Очигледно, од големата звезда останаа песните, лошите наслови од девеесетите и белите гаќи.