Пенелопе Круз одржа модна лекција како се носи бело одело (ФОТО)

by Тони Зографски

Облечена од глава до петици во бело на премиерата на својот нов филм “The Wasp Network“, преубавата шпанска глумица Пенѐлопе Круз ја оправда улогата која многумина и ја препишуваат дека е вистинска дива.

Прекрасната Шпанка одбра свилено бело одело, составено од широки панталони со длабок струк и совршено сако со впечатливи масивни копчиња со потпис на модната куќа Ralph&Russo. На нозете носела бели сандали со високи штикли, а под сакото бел корсет кој го истакнал нејзиното бујно деколте. Од накитот носела дискретни обетки и еден прстен, а косата и била пуштена.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com