Таткото на пејачката Бијонсе, Метју Ноулс (67) соопшти дека заболел од рак на дојка, болест што ги погодува само еден одсто од мажите.
Метју кој исто така е музичар, со години работеше како менаџер на групата Destiny’s Child во која неговата ќерка ја започна кариерата. Извесен период беше менаџер и на Бијонсе, но таа соработка бргу се прекина.
Метју Ноулс по триесет години брак во 2011 година се разведе од мајка ѝ на Бијонсе, Тина, која често ја изневерувал, па иако бил во брак добил две вонбрачни деца, – ќерката Клои и синот Никсон. Истата година кога се разведе Бијонсе го тужеше за проневера на пари, но овој случај никогаш не доби судска завршница.