Елена Ристеска на својот „Фејсбук“ профил сподели емотивна порака која ја посвети на татко ѝ кој почина пред три години по кратко боледување. Имено, Елена на социјалните мрежи сподели статус од пред три години кој го посветила на својот татко, а во описот на статусот ја напиша следната посвета:
„Од овој пост поминаа 3 години, сеуште не го употребувам зборот “беше”, а тагата е секој ден се’ поголема. Оваа болка времето не ја лечи, ниту мислам дека некогаш ќе помине и избледи. Кнедлата во грло тогаш почна да се всадува, сега веќе е фиксна и не се искоренува. А во стомакот празнина и чувство на глад. Глад за татковска љубов. Мразам што се сеќавам на моментите кога ќе го изнервирав како и секое дете, и ми викаше: ќе ти фалам еден ден. Дојдоа и тие денови, ужасно ни недостигаш!“ напиша Елена на својот Фејсбук.