Претседателот Стево Пендаровски, оствaри средба со италијанската ѕвезда Ерос Рамацоти пред неговиот концерт во Скопје.
Во објавата на социјалните мрежи Пендаровски напиша:
„Со речиси 20 албуми зад себе и 30 годишна кариера, Eros Ramazzotti остава траен белег на светската музичка сцена. На нашата средба, непосредно пред вечерашниот концерт, промуабетивме за првиот контакт со музиката преку неговата гитара на 7-годишна возраст, па се до интернационалниот успех во 80-тите и 90-тите години на минатиот век. Зборувавме и за неговата втора страст – здрава животна средина.“
Претседателот на почетокот на својот мандат се сретна и со популарниот Стинг.