Овен (21.03 – 20.04)
Верувате дека би можеле да имате проблеми во комуникацијата со личности кои се поамбициозни од вас или со оние кои сметаат дека можат да го земат она што ви припаѓа. Вашата енергичност ќе ги збуни, а вие вие ќе бидете премногу упорни да се изборите за она што сметате дека ви припаѓа. Во финансиски поглед би можеле да ја добиете шансата за која сте мечтаеле.
Бик (21.04 – 21.05)
Ве импресира однесувањето на личностите кои се упорни и принципиелни. Некој можеби ќе ве провоцира и ќе ви даде на знаење дека се сомнева дека се обидувате да му наштетите. Ќе добиете прилика да се договорите со некој друг Бик, Рак или Риби за некоја нова работа која би можела да стане добар извор на приходи. Можни се поголеми добивки во игрите на среќа или некои нови неочекувани приходи.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ќе добиете пријатни вести во врска со некоја нова работа која би требало да ја органзираат некој Овен, Рак или Лав. Ментално сте посилни во однос на финансискиот дел и веројатно ќе направите внимателни финансиски потези. Бидете отворени за секој вид на совет, особено од некој Стрелец или Лав.
Рак (22.06 – 22.07)
Имате оригинални идеи во врска со работата, особено ако се занимавате со некоја динамична работа. Се чувствувате одлично во друштво на динамични луѓе или лица со млад дух. Ако сте сами може да очекувате одлична средба со лице од спротивниот пол. Играјте некоја игра на среќа.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате намера да се сретнете со некој кој се занимава со приватен бизнис или често патува во странство. Добро се согласувате со лицата родени во знакот на Овен, Близнаци, Лав или Девица. Очекувате да се сретнете со некој кој можеби би можел да ви помогне во врска со некоја важна работа.
Девица (23.08 – 22.09)
Како ќе поминува денот така вие ќе бидете се повеќе свесни дека треба да го промените однесувањето кон една Шкорпија или Рак бидејќи премногу барате и сте неприлагодлви. Ќе добиете повик да се сретнете со некои Близнаци. Вагата ќе ви го покаже нејзиното вистинско лице.
Вага (23.09 – 22.10)
Сакате да играте на сигурно, а понудена ви е работа во која би требало малку да ризикувате. Со жените имате многу динамичен однос, без оглед на вашиот пол. Семејството ќе ви додели одлични совети, променете го мислењето и послушајте ги. Верувате во добрите намери на некој Јарец или Овен.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Се обидувате да ја охрабрите Вагата во врска со некоја нова работа и да ја убедите дека нема причина премногу да се нервира за некои неважни работи или помали проблеми, особено ако станува збор за пари кои има намера да ги потроши на непотребни нешта. Ќе добиете добра понуда во врска со работа за која сепак би требало да земете кредит.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Постојано ќе бидете иритирани и ќе се чувствувте непријатно во своја кожа, а сето тоа е поради силното влијание на Месечината и Сатурн на вашиот знак. Не верувате на секого, особено не на оние кои ветуваат дека ќе ви го исплатат долгот. Ќе постои можност за компензација, прифатете ја.
Јарец (22.12 – 20.01)
Сета ваша енергија е насочена кон пронаоѓање на решение за новата работа која сакате да ја започнете што побрзо. Прилично ве оптеретува партнерот со своите дилеми или задачите кои ви стојат над глава. Постои потреба да регулирате некои неправилности. Проверете дали е во ред вашата деловна документација.
Водолија (21.01 – 19.02)
Ќе добиете интересна деловна понуда од некој Рак или Овен кои добро ги знаат вашите вистински капацитети. Немате доволно пари за се што ви е потребно, но наоѓате решение и понатака правите големи трошоци. Можна е интересна средба со некој Јарец или Шкорпија.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве оптеретува некоја неизвесност во која се наоѓате не по ваша волја, а која ја предизвикал некој ваш колега во знакот на Лав или Бик. Можно е да сте многу ангажирани за некоја работа која за некој месец ќе ви донесе поголеми приходи. Не се оптеретувајте со парите.