Ќерката на славниот супермодел од 80-тите Синди Крафорд, Каја Гербер (18) беше ѕвездата на Модната недала во Париз.
На ревијата на „Валентино“ новата манекенска ѕвезда ја откри својата раскошна убавина носејќи прозирна кошула. Каја преку блузата носеше палто, но додека одеше по пистата убавицата покажа дека не носи ништо што ќе и ги сокрие голите гради.
Инаку, ревијата од првите редови меѓудругите ја следела и легендарната Наоми Кембел која подоцна на Гербер ѝ оставила две срциња на Инстаграм.