На прагот на својот седумдесети роденден Горан Бреговиќ зад себе имал и тоа како бурен љубовен живот за кој може да се сними филм. Како што тој истакнал, страста спрема жените се родила кога имал само 17 години и свирел во еден стриптиз клуб. Тука ја запознава Јасенка со која има ќерка Жељка која ја добил во раните деведесети години. Денеска таа живее во Австралија и има две деца.
Прва јавна личност која паднала на шармот на музичарот била Маја Саблиќ која во 1979 година на снимањето на филмот “Личне ствари“ се заљубила во него. Во осумдесетите години новинарката Алка Вуица дошла во Сараево да направи интервју со фронтменот на “Бијело дугме“.
“ Ти тука не си за интервју, туку да се омажиш“ , наводно и рекол Бреговиќ. Тие влегле во врска, а тогаш бил издаден и познатиот хит “Пудикулис пубис“ за кој Алка побеснела и долго не зборувала со Горан.
Во низата на жени во животот на познатиот музичар следна била манекенката Љиљана Тица со која се забавувал две години. Подоцна таа открила дека врската била бурна и дека Горан бил многу љубоморен. Нејзе и ја посвети песната “Битанга и принцеза“. Неколку години подоцна таа се омажила за еден богат Германец.
Кога Бреговиќ одлучил да се смири, во 1993 години се венча со Џенана Суџука со која има три деца.