Италијанска филмска дива Моника Белучи откри поединости од својот живот кој досега не биле познати во јавноста. Така, со тогашниот сопруг Винсент Касел се запознале додека го снимале фолмот “Апартман“ а по неколку години се венчале. Додека биле во брак тие живееле во одвоени станови за да не им станело навика да бидат заедно. Во 2013 година тие се развеле.
Кога требало да ја добие улогата во филмот “Спектар“ Моника му рекла на режисерот Сем Мендес да ја ангажира бидејќи во прашање е сексипил, а не години. Така таа стана најстара ангажирана девојка на Џејмс Бонд.
Инаку, првиот филм на италијанската актерка бил “Дракула““ кој го снимила во 1992 година. Таа во филмот ја играла сопругата на Дракула кој глумел Гери Олдман. На 13 години Моника се занимавала со моделинг, а еден период била и заштитно лице на Долче и Габано. Подоцна таа студирала право на Универзитетот во Перуџа, факултет кој никогаш не го завршила.