Голем број на странци од државите надвор од Европската унија кои работат на Мата ќе мораат своите деца да ги вратат дома по новите строги прописи – пишуваат српските медиуми.
Се работи за закон од 2007 година кој се однесува на луѓе од земји кои не се во ЕУ, но сега почнува ригорозно да се применува.
Децата нема да можат да останат со нив ако годишно немаат заработка од 19.000 евра, плус 4.000 евра дополнително по дете.
Повеќе од 40 родители веќе се побуниле затоа што по повеќе години работа во Малта се соочуваат со овој проблем.
Инаку, илјадниц граѓани од регионот во Малта работат за минималец. На островот најголем е бројот на Македонци, Срби и граѓани од БиХ.