ВАША ОРДИНАЦИЈА: Изработка на директни естетски реставрации со една посета

by Marjan Velevski

Д-р Ели Андонова, сопственик на ПЗУ „Дорабела естетик“

Убавиот изглед е секојдневен дел од нашето живеење. Се повеќе младите, но и луѓето генерално се обидуваат за изгледаат што подобро. Иако оралното здравје треба да е култура на живеење кај секој од нас, денес тоа не подразбира само негова добра фукција туку и естетика.

Интервенциите денес не се сведени само на поправка на заби, нивно надоместување, чистење на забниот камен, туку и унапредување на нивниот изглед па и самата појава на поединецот.

Во минатото, за да се постигне ова, процедурите беа инвазивни, но и финансиски захтевни, па не секој можеше да си ги дозволи. Современата стоматологија, особено новите генерации на композити, бондови, дозволуваат примена на неинвазивни техники кои естетски многу задоволуваат, а се финансиски многу достапни.

Денес неинвазивноста на методата подразбира дека, за промена на позиција, облик на забот, затварање на простори помеѓу забите (дијастема) микродонција (мали и кратки заби) и слични аномалии, се оди без никакво стругање.

Интегритетот на забот и забното ткиво останува непроменет, а естетиката се добива со директно нанесување и моделирање на забот со композит (пломба).

На пример, ако порано за да се подобри формата на атипичен латерален инцизив (двојка како оривче) веднаш се одеше кон стругање и изработка на коронка, тоа повеќе не е така. Без стругање, подготовки и чекање забот може да добие нов облик. Составот на композитите и нивната хемиска врска е подобрен до тој степен што разликата (заб, пломба) е тешко воочлива, особено при добра естетска изведба. Најдоброто од се (покрај финансиската достапност) е времето на нивна изработка. Пациентот доаѓа само еднаш, а заминува за само некој час со драстично променет изглед.

Промената може да опфати повеќе заби, во некој случај и цел фронт зависно од аномалијата, желбите, очекувањата на пациентот и можностите кои ги диктира усната празнина.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com