Милица Милиќ (78) и Младен Чолиќ (73) докажаа дека љубовта не признава години. Се запознале во Бања Лука за време на војната во Босна и повторно се слушнале поред неколку месеци.
-Тогаш не бев заинтересирана за мажење. Младен во меѓувреме отиде во Србија, па ниту го слушнав, нит го видов. Децата ми пораснаа и заминаа во странство, а јас останав сама. Пред пет месеци ми се јави една другарка од Белград и ми вели дека има еден господин кој сака да ме слушни -објаснува Милица како се течело.
Малку по малку двајцата пензионери се почесто се слушале по телефон.
-По некое време со ќерка ми заминавме во Белград и тогаш конечно се видовме. Беше големо изненадувањето по толку години да се сретнеме, но тоа е божјо чудо – вели Милица која во прво време и било срам на фамилијата да и соопшти дека сака да се мажи.
Судбоносното “да“ го изговорил минатата недела во етно село, аа среќата ја поделели со своите фамилии на голем свечен ручек. Во првиот момент за многумина од нив бракот бил големо изненадување, но кога ја слушнале приказната и за каква голема љубов се работи тие од срце им честитале.