Овен (21.03 – 20.04)
Надворешните збиднувања особено оние деловните ќе ви ја разнишаат емотивната рамнотежа и ќе ве доведат во ситуација во која ќе ви биде многу тешко да го пронајдете вистинскиот пат. Во ваква ситуација, најверојатно ќе го прифатите ризикот, а со тоа можете да прекинете некои многу пријатни работи.
Бик (21.04 – 21.05)
Викендов ќе можете да ги прилагодувате своите планови според туѓите, но завршете го викендот со нешто што вие навистина го сакате. Ќе се најдете во ситуација во која ќе биде потребна итна реакција за решавање на одреден проблем. За среќа, вашето спонтано однесување ќе ве насочи кон вистинската насока.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Имате јасна претстава за сериозноста на идните случувања. Сонувате и се занесувате, а не сте свесни за можните компликации. Бидете внимателни кога се во прашање финансиските трансакции но и потпишувањето договори. Постојано сте конфузни, смирете се. Разговорот со вашите соработници ќе ве врати назад на патеките на успехот.
Рак (22.06 – 22.07)
Секојдневните обврски ќе ви бидат можеби насочени кон некакво пребарување по документи или правење на нови, создавање на извештаи, одлуки, решенија, се во зависност од тоа што работите и кои ви се професионалните активности. Од друга стана можни се и некакви недоразбирања со претпоставениот.
Лав (23.07 – 22.08)
Бидете претпазливи во вложувањето пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас дејствуваат мошне сериозно. Во зависност од личното интересирање или мотивација, одберете работа која носи најдобри резултати.
Девица (23.08 – 22.09)
Имате можност да се истакнете во работата со некој Лав или Стрелец кои се доминантни кон вас, но сепак вашето искуство ќе биде повеќе ценето. Не се нервирајте ако некој Јарец ви даде големи забелешки, неговите намери се добри. Можен е контакт со поширокото семејство.
Вага (23.09 – 22.10)
Викендов ќе имате перфектно избалансиран однос помеѓу сопствените, туѓите и општите барања и можности. Контаките со околината ќе ви бидат одлични, особено добро ќе соработувате со вашите колеги. Ви препорачуваме тимска работа. Советите од некоја друга Вага одлично ќе ве насочат.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Викендов ќе бидете емотивно нестабилни, што најповеќе ќе се одрази на вашиот приватен живот, но и доста негативно ќе делува и врз вашите работни задачи. Опасноста да влезете во кавги со околината е многу голема. Ова не е добар ден за да започнете со поголеми работи, но не треба да се плашите и од поголеми неуспеси затоа што секогаш неможе да биде се во најобар ред.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Викендов ќе се чувствувате релаксирано и ќе уживате во животот. Проблемите и недоразбирањата кои ги имавте сами со себе се зад вас. Но, сега треба да се размислува за иднината. Бидете искрени и признајте си дека е време за нова етапа во вашиот живот. Некоја принова во вашето семејство ќе ви донесе дополнителна радост.
Јарец (22.12 – 20.01)
Викендов бидете подготвени да примите лоши вести или лоши непланирани настани. Денес расположението ќе ви биде романтично, и затоа потешко ќе си ги завршите дневните обврски. Направете листа на вашите обврски пред да почнете да ги извршувате.
Водолија (21.01 – 19.02)
Не знаете да лажете, но тоа не значи дека не можете да чувате нешто што ви е кажано само вам во доверба и немате никакво право да го расакажувате наоколу. Бидете претпазливи, бидејќи ќе сакате да бидете интересни пред некого, па да раскажете нешто што ви е доверено само вам. Од друга страна, можеби некој ќе ви побара некаква поддршка или помош, за која можеби и нема да бидете расположени.
Риби (20.02 – 20.03)
Викендов вашите амбиции ќе бидат максимално нагласени и ќе влијаат на односите со околината. Преземете неколку нови обврски и обидете се да ги исполните. Имајте доволно трпение за оние кои ви се драги, не ги навредувајте со потезите. Доколку поседувате приватен бизнис, вашите работници ќе ве напуштат поради вашите лажни ветувања.