Телевизијата 1ТВ повторно е во етер и емитува програма, односно музички концерти и песни.
Како што дознава Прессцентар телевизијата ќе има нова сопственичка структура и работените ќе бидат вратени на работа. Лиценцата сепак нема да биде одземена и телевизијата нема да оди во стечај, како што беше најавено.
Инаку, се работи за телевизијата чиј неформален сопственик е Боки 13 кој е во притвор за случајот „Рекет’. Откако тој е во притвор, се случуваше медиумот да прекине, и повторно да емитува програма.