Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски вели дека тој нема дадено исказ бидејќи обвинителката Рускоска најпрво ќе треба да им ги покаже доказите. Дуковски објаснува дека нема логика Боки да дава исказ бидејќи не знае какви докази имаат против него.
Адвокатот тврди дека Боки 13 е со влошено здравје, а неговата состојба е животно загрозувачка.
„Има една ситуација за неговата здравствена состојба која никого не го интересира. Ќе видиме што ќе се случува. Незаконски е завршена постапката. Боки 13 нонстоп повраќа. Нека се смеат владетелите на правото дека е труден. Го носат во амбуланта му даваат раствор, обична терапија. Неговата состојба е животно загрозувачка. Ако немате функција на желудникот, тогаш е”, смета Дуковски.