Во култниот фустан кој едвај и ги смири бујните гради Џенифер Лопез го покори Милано (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

Со легендарниот зелен фустан кој го насеше и на Греми наградите во 2000-та година, Џенифер Лопез беше главна фаца на ревијата на Донатела Версаче во рамките на модната недела во Милано.

50-годишната Џенифер  го затвори шоуто со атрактивно дефиле на модната писта во легендарниот зелен фустан кој едвај и ги покриваше бујните гради, а потоа видеото од нејзиниот настап беше пренесено на сите социјални мрежи и светски медиуми.

Џенифер Лопез на пистата доби громогласни аплаузи, особено кога и се придружи и Донатела Версаче.

Коментарите по нејзиното појавување се однесуваат на нејзината неверојатна енергија и одличниот изглед.

 

останати вести