Нашиот музички виртуоз Симон Трпчески пред два дена го прослави 40-тиот роденден. Како што напиша на својот Фејсбук профил, најдрагиот подарок за роденденот е блузата дизајнирана од неговата ќерка Лара.
„Ви благодарам за сите прекрасни пораки и желби за мојот роденден!
Фантастични подароци, блуза дизајнирана од мојата ќерка и мојата омилена торта, подготвена од мојата сестра!
… плус, Ерменски коњак!Љубов, храна и пијалоци може само да ја направат музиката поубава!“, напиша Симон на својот профил на Фејсбук.