НОРА ШАЌИРИ ЗА “СЕСТРА Ѝ“ ФАТИМЕ ФЕТАИ: “ Мене не ме вработи“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Водителката и новинар Нора Шаќири која сега работи во Министерството за култура, често изјавува дека со обвинителката Фатиме Фетаи се како сестри и често уживаат во заедничките вечерни излегувања. Нора пред една недела на својот профил на Инстаграм, објави фотографија со сопругот Марко Марковиќ, на која ја откри приновата која ги очекува, а синоќа објави фотка со Фатиме со интересен коментар.

-Не знам ја шо и кои предмети ги добила ама ТЕТКА ќе стануе па тоа и е сега исто така многу важно и бескрајно се грижи и спрема за новата улога..А мене не ме вработи…пфффф тетка никаква – напиша Нора Шакири во прилог на фотографијата.

останати вести