Влошена е здравствената состојба на поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева потврди нејзината адвокатка Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21. Фрчковска за ТВ21 вели дека здравствената состојба на Јанева не е добра, особено психички и дека е под постојана терапија со лекови.
Претходната недела во затворот во „Шутка“ каде се наоѓа Јанева речиси еден месец како третоосомничена во „Рекет“, била доставена и лекарската документација со цел здравствениот персонал да определи соодветна терапија.
Како што најави адвокатката Ирена Фрчкоска во интервјуто за ТВ21 можна е тужба за Советот на јавни обвинители поради разрешувањето на Катица Јанева како шефица на СЈО. Двете одлуки, како што вели адвокатката се уште не ги добиле.
Фрчкоска додаде дека ќе бара укинување на притворот за Јанева и да се брани од слобода, а како гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.