Најпознатата реалити звезда Ким Кардашијан веќе долга низа со години се бори со псоријаза. До пред некоја година псоријазата успевала да ја држи под контрола, но во последно време не крие дека е вознемирена и дека неможе да ја скрие ниту со шминка.
На почетокот Ким имала псоријаза само по рацете и нозете, но неодамна изјавила како болеста и се проширила на целото тело, па дури и на лицето, и повеќе неможе да ја држи под контрола.
Инаку, псоријазата е хронична, неизлечива и незаразна болест која ја карактеризираат специфични розе флеки покриени си бели лушпи.
Ким Кардашјан во последната епизода од своето реалити откри дека има и псоријатичен артритис – реуматска болест која се јавува која лицата со псоријази и за која исто така нема лек, но може да се држи под контрола.