Ограбена куќата на фудбалер на Барселона (ФОТО)

by Тони Зографски

Фудбалерот на Барселона, Самуел Умтити уште долго ќе го памти мечот со Валенсија (5-2) кој го следел од трибините. Имено, додека тој уживал во фантастичниот меч на неговиот тим, во неговата куќа крадците си оперирале. Тие влегле во неговата куќа, го обиле сефот и украле се што имало во него.

Инаку, сe почесто им се случуваат вакви работи на фудбалерите на Барселона и тоа за време на натпреварите, така неодамна провалија во куќата на Артур Мело, додека неговиот роднина бил внатре. Слични проблеми претходно имаа и Жорди Алба и Кевин Принс Боатенг, а левиот бек на Барселона на крајот реши и да ја промени адресата на живеење.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com