СКАНДАЛ: Берлускони објави слики од сопругата на принцот Чарлс во костим за капење (ФОТО)

by Тони Зографски

Списанието „Чи“, кое е во сопственост на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, покажа скандалозни фотографии од сопругата на британскиот принц Чарлс. Седумдесет и две годишната Камила Паркер беше фатена во костим за капење како плови и се сонча на јахта во Сардинија.

Фотографиите се направени од папараци, а во нив се гледа како војвотката од Корнвол одмара на луксузна јахта пред да замине во Балморал. Скандалот во овој случај не се само фотографиите на Камила, туку и фактот дека британското кралско семејство и магазинот Берлускони имаат мрачно минато поврзано со трагичната смрт на принцезата Дајана.

Кралскиот коментатор Ричард Фицвилиамс го опиша списанието како „одвратно и шокантно“.

Тој рече дека „Чи“ е списанието што објавило слики на Дајана со маска со кислород на задното седиште насо коешто направија сообраќајна незгода.

останати вести