Манекенката Ирина Шајк (33) откако неодамна ја раскина четиригодишна врска со актерот Бредли Купер (44) пред еден месец папараците ја „фатија“ во прегратка на друг маж. Но, сега убавата Русинка е фотографирана во блиско друштво на колешката Стела Максвел (29), која е позната по бурната врска со актерката Кристен Стујарт (29).
Атрактивните дами беа заедно во ноќен клуб во Њујорк, а манекенката не им посветуваше премногу внимание на собраните фотографи, но одлучи да се забавува во женското друштво.
Поради ова, почнаа гласините дека Ирина можеби го замени Бредли со нова девојка.