Според пишувањата на порталот „ОК“, војвотката Кејт Мидлтон во месец август е видена во пополно издание, поради што се шпекулира за нејзина нова бременост.
Неименуван извор рече дека Кејт и принцот Вилијам биле пресреќни од веста и додале дека војвотката очекувала близнаци. Исто така, принцот, наводно, сака неговата сопруга да биде во мирување колку што е можно, па затоа ја замолил да се повлече од јавноста во седмиот месец од бременоста и да лежи во кревет колку што е можно.
Инаку, порталот „ОК“ веста за четвртата бременост на војвотката, исто така ја објави по пет месеци откако Кејт го роди својот син, Луис, што не испадна дека е вистина.