Холивудската глумица Деми Мур (56) позираше гола за октомврискиот број на списанието „Harper’s Bazaar“ носејќи само розов шешир и дијамантска нараквица. Глумицата во шестата деценија од својот живот покажа витка линија и исклучително тело.
Инаку, ова не е прв пат Деми Мур да позира гола за насловната на некое списание. Таа исто така во 1991-та година во поодмината бременост позираше за насловната страна на американското списание „Vanity Fair“. На себе тогаш носеше само дијамантски обетки и прстен. Тој нејзин чин предизвика полемика и критика, а на Деми тоа не ѝ пречеше.
https://www.instagram.com/p/B2T60NinRhV/?utm_source=ig_web_button_share_sheet