Српскиот рапер Далибор Андонов Гру денеска попладне беше погребан на гробиштата во Белград. Стотина луѓе дојдоа да го испратат раперот кој ги одбележа деведесеттите години и беше синоним за здрав живот но кој трагично настрада поради зависноста од адреналин. Од естрадата во вечниот дом Гру го испратија Тони Цетински, Драгана Мичаловиќ, Гоца Тржан, Кнез, Марко Ѓуровски, Душица Јаковљевиќ, Ајс Нигрутин, и многу други.
Од капелата цело време се слушале лелеците на неговата сопруга, а раперот бил испратен и од најверните моторџии и трубачи кои ја свиреле “Један дан живота“ и “Тихо ноќи“. Моторџиите носеле симболични маички во црна боја, со принтови за пулс што ја означува брзината.