Сараевскиот гитарист, композитор и текстописец Амир Бјелановиќ Тула почина на 57-годишна возраст од рак на желудникот. Тој беше гитарист во бендот на Дино Мерлин и го придружуваше на неговите концерти.
-Драги Тула, мислам на тебе. Секогаш ќе имаш посебно место во моето срце. Твој Дино – напиша Дино со нивна заедничка фотографија.
Најдобар пријател на Тула бил Милиќ Вукашиновиќ.
-Денеска ми умре најдобриот пријател и колега од Сараево, Амир Бјелановиќ Тула. Прекрасен човек и другар, нека му е лесна земјата, збогум Тула – напиша Милиќ.