Оливија Њутн Џон првата дијагниоза на рак на градите ја добила во 1992 . По хемотерапии и операција се опоравила, туморот се вратил во 2013, а потоа уште еднаш минатата година. Сега болеста се раширила на коските и таа е сега во четвртата, последна фаза на болеста.
Ѕвездата на „Брилијантин“ откри во интервју за „60 минути Австралија“ дека нејзините шанси за закрепнување се мали и дека не сака да знае колку време и останува.
“Имав среќа што сеуште сум жива … Кога ми беше дијагностициран карциномот, обично ви даваат одредено време, ви кажуваат колку ви е преостанато. Ако некој ви каже дека имате уште шест месеци да живеете, вие веројатно толку ќе живеете зашто ќе верувате во тоа. Не сакам да ја знам статистиката, не сум дел од статистиката “, рече 70-годишната актерка.