Овен (21.03 – 20.04)
Верувате дека со својата убедителност ќе ја постигнете целта. Некој сака јасно да ви покаже дека нема да игра по вашите правила. Добро се согласувате со лицата кои имаат визија, особено кога станува збор за странство. Се трудите да добиете шанса во работата со Водолија или Рак.
Бик (21.04 – 21.05)
Бидете потолерантни во кавгите, особено ако станува збор за недоразбирање со Рак или Овен. Денес би можел да ви се најде при рака еден Јарец кој добро ве познава. Подгответе се да ја освоите поддршката од една Вага бидејќи очекувате да ви помогне во работата која може да ви донесе голема популарност. Се трудите да бидете фер кон своите, но сепак вашите интереси ги ставате на прво место.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Пред вас е одличен ден во кој ќе се чуствувате прекрасно. Ќе бидете добро расположени , но попустливи кон партнерот многу повеќе отколку обично. Избегнувајте поголеми работни обврски. Мудро би било важните работни одлуки да ги оставите за подоцна.
Рак (22.06 – 22.07)
Денот во целост е добар и покрај тоа што ќе имате и проблеми кои ќе морате да ги решите, бидејќи во спротивно вашата позиција може да ослабе. Во финансиските работи ве очекува успех, но би требало да ги избегнувате работите поврзани со недвижнини.
Лав (23.07 – 22.08)
Ќе размислувате на креативен начин. Бидејќи нема да имате некоја среќа во функционирањето на материјален план ќе се ориентирате на работи кои ќе ви помогнат убаво да се чувствувате. Некои претставници ќе уживаат во гледањето на некој нов филм, некои ќе медитираат, а пак некои ќе пишуваат песни.
Девица (23.08 – 22.09)
Со пријателите ќе ги поминувате слободните моменти. Тие умеат да ви помогнат за да ги заборавите проблемите особено оние кои се однесуваат на вашето здравје. Слабата точка на организмот е стомакот. Не е ништо алармантно, но сепак вие сте исплашени.
Вага (23.09 – 22.10)
Ќе почуствувате силна мотивација и желба да реализирате некоја улога или работни цели. Многу е важно да можете да креирате нова работна ситуација која паралелно ги исполнува вашите духовни интереси и ви носи важна материјална корист. Нема потреба да се однесувате театрално во друштво на вашата сакана личност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Можност за средба со личност која доаѓа од далеку. Контактите со странство се успешни и постои можност вашиот партнер или член од семејството конечно да донесе решение за заминување во странство. Во работата внесете што повеќе спортски дух и расположение.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Полни со сила и желба за афирмација ќе бидат особено Стрелците родени во првата декада, додека пак Стрелците од втората декада ќе треба да ја насочат својата енергија на пофините работи. Ви препорачуваме повеќе контакти со луѓе и изразување на своите идеи без претерана критичност.
Јарец (22.12 – 20.01)
Иако наизглед сте полни со сила, вашата кондиција е на доста ниско ниво, така што дополнителна рекреација нема да ви штети. И покрај тоа што сте доста ангажирани на работното место, денес повеќе ќе сакате да се посветите на себе и на средување на вашите мисли. Ќе ви се овозможи прилика за кратка осаменост, но не претерувајте во тоа.
Водолија (21.01 – 19.02)
На работното место ви следи нов проект, но поради големиот број на работни задачи ќе бидете во дилема дали да го прифатите. Наш совет е да прифатите без размислување затоа што тоа ќе ви помогне да го наполните својот паричник. Партнерот ќе се потруди да ве изненади за да ви го подобри расположението.
Риби (20.02 – 20.03)
Доколку немате доверба во одредени соработници , направете го тоа што е неизбежно за да можете да ги зачувате вашите работни интереси. Избегнувајте деловно ривалство со личности кои имаат негативна репутација. Се наоѓате во емотивен расчекор.