ГО МОЛЕЛ ГРУ ДА НЕ ОДИ НА РЕКАТА: “Брате зошто не ме послуша“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Семејството на српскиот рапер Далибор Андонов Гру кој трагично го загуби животот во вода во Земун при страшна несреќа со кајтбординг, е скршено од болка и завиено во црно. Неутешните членови на неговото семејство не можат да се помират дека Гру веќе го нема, а меѓу нив е и постариот брат на Гру, Игор, кој го молел кобниот ден да не оди во реката.

– „Брате зошто не ме послуша, зошто не остави, врати се веќе никогаш нема да те пуштам”, лелекал тој во семејната куќа.

Наводно  Игор и Гру се виделе три часа пред несреќата во едно кафуле и тој го молел да не оди во реката на кајтбординг, но српскиот рапер сепак не го послушал и одлучил да замине.

Инаку, Гру зад себе остави сопруга и два сина. Фатални за него биле скршениците на кичмата од ветрот кој го кревал во воздух и силно го спуштал во вода каде тој се давел. Се било готово за 20 секунди.

останати вести