Поранешниот тенисер и сопруга на Лепа Брена, Слободан Боба Живојиновиќ уште долго ќе ја памти гозбата со пријателите во неговата куќа.
Имено, Боба два дена пиел нон стоп, па му се слошило и малку фалело да заврши во болница на испирање на желудникот.
-Боба нема мерка кога е во прашање храна и пиење. На дружбата што ја организираше во неговата куќа, додека се подготвувала храната тој пиеше виски нон стоп. Кога запчнала гозбата, шишињата виски се празнеа едно по друго. Во еден момент Боба само падна на двоседот. Иако велеше дека му е добро, тој не можел да стане. Веднаш била повикана Итната помош, а докторите констатирале дека му се слошило од алкохолот. Брена толку се уплаши за сопругот што почна да се гуши. Нејзи не и се допаѓаат такви дружби на кои се пие и јаде без мерка, -вели извор за курир.рс што бил присутен на веселбата.