Во неделата во Охрид се одржа традициналниот охридски маратон. На патеката од 30 километри од Свети Наум до Охрид меѓу тркачите беше и Никола Ивановски кој овој маратон вечно ќе го памети.
Имено, на целта него го дочека неговата девојка Сандра Стоилковска кој на колена ја побара за жена.
Никола носеше маица на која пишуваше: Ќе се омажиш ли за мене?
“Луѓе мои, уште сум под импресии, емоции, тахикардии, возбуда, убавини! После 30 истрчани километри мојата љубов дојде на целта во моја прегратка! Тој е мојот херој! Даде се од себе на тежок охридски терен и покрај тоа успеа да организира толку прекрасен чин, такво запросување, нозе ми се тресеа…! Едвај стоев, како јас да истрчав 30 километри, не тој! Позитивен шок, таква возбуда, срце не ми се смирува…! Ти благодарам што ми го разубави не само денот, туку и животот, му даде поинаква боја и смисла… Најсреќна сум! Те сакам бескрајно“ – напиша Сандра на нејзиниот Фејсбук профил.