Грчкото крајбрежје често е место каде навистина може да се најдат необични примероци од животинскиот свет.
Еден таков доаѓа и од плажа во Псакудија, Ситонија, каде е фотографирано нешто што личи на огромна медуза.
Отприлика е поголема од фудбалска топка, а не е најјасно и колку е безопасна.
Фотографијата е објавена на Фејсбук, а многу коментатори наведуваат дека повеќе никогаш нема да влезат во водата, додека други тврдат дека тоа нема да ги спречи.
Имало и корисници кои под објавата искоментирале дека не е во ред да ја изнесуваат медузата од морето, која не само што е безопасна, туку и никому не пречела.
И, како што рекле: „Зошто ја извадивте од морето, кога вие сте влегле во нејзиниот дом, а не таа во вашиот“.