Пол Шопрони од Велс 30 пати ја просел својата девојка Алиша Пилоу, но таа секогаш одбивала. Но, тогаш се случило нешто потполно неочекувано.
Како би го наградила неговиот труд Алиша одлучила да ги запроси на сосема неочекуван и луд начин. Имено, Алиша организирала Пол да дојде на венчавката на која требало да биде кум, но кога видел дека девојка му е облечена во бело, сватил дека дошол на сопствената венчавка.
-Во последните две години Пол ме запроси дури 30 пати. Одолговлекував бидејќи веќе бев два пати во брак, а ми беше чудно да се мажам и трет пат – рекла Алиша.
Таа организирала да се пушти песната “It Should’ve Been Me” и по нејзиниот крај таа на колена го запросила своето момче. Нормално, Пол ја прифатил брачната понуда.