Прославената филмска, телевизиска и театарска дива Неда Арнериќ по подолго време се врати на сцената. Таа се појави во преставата “Извињавам, многу се извињавам“ и доби бурни аплаузи на сцената во Кикинда.
-Текстот се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од свое искуство би порачала “Луѓе, не се откажувајте од животот дури и кога сте оставени сами!“ . Повторно можат да најдат некој со кого ќе го поминат остатокот од животот – изјавила Неда која од тешката ситуација која и се случи на почетокот на годината повторно излезе како победник.
Имено, во февруари Неда Арнериќ во својот дом беше пронајдена од својот брат во несвест и со Итната помош беше пренесена во болница. Таа беше примена на токсикологија, а се шпекулира дека глумицата сакала да се убие откако измешала повеќе лекарства.