Актерката и пејачка Џенифер Лопез (50) и нејзиниот свршеник, бејзбол играчот Алекс Родригез (44) дојдоа на роденденот на светската кошаркасрка ѕвезда Маџик Џонсон (60). Пензионираниот кошаркар ја подготви прославата во Сен Тропе, во хотелот „Ники Бич“.
Џеј Ло повторно се облекла провокативно. Со коса заврзана во пунџа се симнувала по скалите кога во еден момент дувнал ветер и и го подигнал здолништето. Папараците во тој момент ја фотографирале славната пејачка, а вниманието го украле нејзините бели гаќички.