ТП за изучување на странски јазици ЕЈ-БИ-СИ Скопје е првата приватна неформална јазична иституција која со започнувањето со работа во 1989 година, и со запишување на првата генерација ученици ја започна првата приватна дејност која што до тогаш не постоеше во таква форма на територијата на град Скопје и во Република Македонија.
Оваа година ЕЈ-БИ-СИ одбележува 30 години од започнувањето со приватната дејност, а воедно и првиот професор кој одржал настава во таква институција – “teacher” Лидија Поповска навршува 30 години работно искуство и го слави заедно со ЕЈ-БИ-СИ.
Еј -БИ- СИ Скопје е прва приватна неформална јазична институција којашто за изучување на англискиот јазик во наставата користи современ начин и опкружување во мали групи преку интерактивна, визуелна и неформална метода во пријателска релација помеѓу учениците и предавачите, каде покрај јазикот се изучува и културата на странскиот јазик во таканаречената ” Little England” визуелна и англиски говорна атмосфера.
Пионери во приватната дејност, којашто во таква форма не постоеше на територијата на Р.М, ЕЈ- БИ-СИ започна дејност – изучување на англискиот јазик /странски јазици за граѓаните на град Скопје и Република Македонија од 5 до 105 години. Оваа дејност беше можност за многу други професионалци да го започнат својот приватен бизнис по примерот на ЕЈ-БИ -СИ, што секако придонесе за заголемување на интересот на англискиот јазик, квалитетот на наставата по странски јазици, како и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните на територијата на РМ, со што помогна во развој на приватниот сектор во земјата.