29 годишната српска телевизиска водителка Јована Јеремиќ доживеала срцев удар на летување во Црна Гора. Таа преживеала благодарение на брзата реакција на нејзиниот сопруг, кој најпрвин и дал вештачко дишење па веднаш ја одвел во болница.
„Доживеав мал облик на срцев удар, кој за среќа не остави никакви последици. Никогаш не ми паднало на памет дека може да се случи такво нешто.Се сочнав и читав книга на плажа, оддеднаш ми стана пеколно жешко, па буквално се затрчав и влегов во вода. Оддеднаш ми се слоши, почнав да се давам. Страшна болка во градите ме парализираше, останав без воздух. Војо ме забележа, ме извлече од вода и ми даде вештачко дишење и веднаш ме однесе во болница. Ми рекоа дека станува збор за срцева слабост затоа што прегреана скокнав во студена вода. Се направија сите потребни анализи и ја добив терапијата што ја пијам редовно. Се е добро благодарение на мојот сопруг. Тој ми го спаси животот , а јас го уништив неговиот одмор “, изјави Јована за српски Ало.
Инаку, Војо со Јована имаат ќерка, Лана, која се роди минатиот август.