Една од најубавите жени на светот, италијанската глумица Моника Белучи пристигна во Венеција по повод овогодишното издание на најстариот филмски фестивал во светот.
Во свој стил, полна со себе, славната актерка уште еднаш покажа дека е една од најубавите и најелегантните жени во светот.
54-годишната Италијанка ги привлече објективите на фоторепортерите кога се појави во црн макси фустан од Диор. Модниот избор славната актерка го надополни со колан на половината и сандали од Кристијан Лобутин.