ДРАМА ВО НОВО ЛИСИЧЕ: брат и сестра биле заборавени во автомобил

by Тони Зографски

На паркинг простор на булеварот ,,Видое Смилевски Бато’’ во паркирано патничко моторно возило ,,алфа’’ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.

Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники,, Мајка Тереза’’. По презмени мерки од полициските службеници пронајдени се родителите на децата. известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Децата синоќа биле префрлени на Детската клиника и според информацијата на Канал 5 тие се во стабилна состојба

останати вести