Македонската манекенка Катарина Ивановска во разговорот за естрадниот магазин „Бекстејџ“ откри дека носи девојче, кое ќе го добие името на татко и.
Татко на Катерина која деновиве влезе во деветтиот месец од бременоста, е поранешниот ракометар на Вардар и повремен репрезентативец на тогашна Југославија, Кире Ивановски.
Затоа неговата ќерка решила, својата ќеркичка да ја крсти по него – Кира.