Водителот Дејан Пантелиќ го победи ракот и искрено го отвори срцето и раскажа како се почувствувал кога дознал дека е болен од оваа страшна болест.
-Работата го враќа човекот во нормала. Кога разбрав дека сум болен имав помош од психијатар, да ме подготви да се борам за својот живот бидејќи имам мали деца. Во тој момент размислував како мојот Вукашин не го научива да игра фудбал, а Лана почна во школо, а не ја испратив до школскиот двор. Тоа е многу тешко -искрен е Дејан.
-Исрено, не се сеќавам на моментот кога ми рекоа дека имам рак. Во тој момент човек треба да биде себичен па да мисли само на себе – додава водителот.
Најмногу го погодило кога ќерка му не го познала бидејќи од терапијата ослабел 20 килограми и дека мора да се слика за медиумите да докаже дека е жив.
-Имав некој свои ритуали и затои им бев интересен на докторите во Германија. Ми се промени психата кога се вратив, и тоа на полошо. Мислев дека сите околу мене ме лажат и дека нема да преживеам – призна Дејан Пантелиќ.