Хрватската пејачка Ивана Банфиќ во деведесеттите беше популарна и атрактивна на овие простори. Нашата публика несомнено ја памти по дуетот со Дино Мерлин, а песната „Годинама“ беше хит со години.
Иако не ја интересираа скандали, една нејзина изјава се памети. На прашањето дали е навистина толку привлечна или тоа е дел од нејзиниот сценски имиџ, Ивана без двоумење одговорила:
“Бев секс машина, никако под пет пати на ден“.
На денс- сцената беше позната по хитовите „Шумица“, „Да му нисам дала“, „Цигарета“… имала по 150 закажани настапи годишно и никогаш не мирувала. Но, тогаш ѝ се случил животот. Најлошиот. Следувал првиот брак, кој траел 12 години. Со Роберт Магиќ, кој бил нејзин менаџер, се развела спогодбено, пријателски.
-Од бракот научив како е кога во него ќе влезат и моите и неговите родители, а ќе излеземе ние. Ние се изгубивме некаде по пат…, рекла во една пригода.
Потоа следувала борбата со зависноста од алкохол. Ивана во 2005 година се пријавила во клиника за одвикнување. Со неа во тоа време постојано бил веќе поранешниот сопруг, кој ѝ пружил невидена поддршка. Победила. Им се посветила на студиите за нтегративен терапевт.
Веќе долго не е дел од јавниот живот, раководи со школа за пеење.
Во тајност се венчала со продуцентот Круно Ладишиќ, долгогодишен познаник. Сакала да стане мајка, но првата бременост завршила со спонтан абортус. Втората бременост ја минала во кревет, за по девет месеци лежење на 39 години да го донесе на свет синот Јан.
https://www.instagram.com/p/B0OF7GNhM09/?utm_source=ig_web_button_share_sheet