Овен (21.03 – 20.04)
Денес ќе имате криза на работното место. Можно е и да дојде до недоразбирање со некој од колегите. Внимавајте како работите и што зборувате. Сето ова нема да предизвика поголеми последици, но вам ќе ви предизвика стрес. Внимавајте и на однесувањето кон партнерот. Понекогаш морате да застанете и да го сослушате. Не ги туркајте работите под тепих.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес потрудете се помалку да кажувате за она што ве мачи, а повеќе да ги слушате другите. Еден од пријателите може да ви каже нешто што нема да ви се допадне. Не го сфаќајте погрешно, тој само сака да ви укаже на грешките. Можете да одвоите малку време и за домашните, тие одамна сакаат да разговараат со вас, но вие секогаш се вадите дека немате време.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Финансиската ситуација со мали осцилации ви е солидна. На работното место нема никакви промени. Тоа значи дека полека ќе ве фаќа монотонија и ќе барате начин како да се забавувате. Конечно ќе се сетите како да му приредите убаво изненадување на партнерот и ќе го направите пресреќен. Вашата среќа ќе нема крај.
Рак (22.06 – 22.07)
Изминатите денови настапувате импулсивно и денес може да ви се случи да кажете нешто што не треба. Можно е до вас да дојде некој доверлив муабет, а вие заради невнимание да го изнесете во јавност. Таквото однесување може да ви донесе освен јавни и многу тајни непријатели. Вие сте многу осетливи и не можете да се носите со нападите врз вас. Најдобро ќе биде да се повлечете и да молчите.
Лав (23.07 – 22.08)
Имате многу планови но еден по еден ги отфрлате затоа што не знаете што сакате. Ова не е период за преземање на акции. Денес Меркур почнува да оди наназад и ќе ги наруши сите ваши планови околу финансиите. Искористете ја енергијата што ја имате на забава, тоа најдобро ви оди во моментот. Внимавајте и не влегувајте во конфликтни ситуации.
Девица (23.08 – 22.09)
Денес имате во план после работа да се дружите со пријатели. Исто така се подготвуваате за престојниот викенд. Вие највеќе би сакале да отидете на некое место каде што сте биле претходно. Најдобро се чувствувате кога сте на сигурно и не сакате изненадувања. Ако студирате денес ќе морате да учите подолго зашто ви недостасува концентрација.
Вага (23.09 – 22.10)
Денес на работното место ќе ви недостасува концентрација. Цел ден ќе се вртите во круг и ништо нема да сработите. Нервозата што ја чувствувате не ја покажувајте пред другите затоа што вашите зборови можат да бидат злоупотребени. Ако водите некој судски спор внимавајте на документите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Полни сте со планови и нови идеи, но не сте во состојба да објасните што сакате. Како да ви е блокиран мозокот. Ова посебно важи за учениците и студентите. Вработените исто ќе имаат проблем со некои работи кои мислеле дека се завршени, но може да им се вратат на повторно разгледување. Не излегувајте од кожа, се работи за ситни грешки кои нема да предизвикаат последици.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Меркур може да донесе проблеми во комуникацијата и во сообраќајот, но може и да врати некои работи од минатото на кои сте заборавиле. Во вашиот случај се работи за пари кои сте ги заработиле одамна, но денес колегите ќе видат дека не се исплатени и ќе ве израдуваат. Тука не е крај на изненадувањата. Денес е можно да ви се јави стара љубов и да ве повика на кафе. Ќе поминете убаво попладне евоцирајќи стари спомени.
Јарец (22.12 – 20.01)
Внимавајте на односите со фамилијата. Може да се случи несакајќи да ги повредите. Мерете го секој збор и секогаш два пати размислете пред да кажете нешто. Денес ќе ви оди тешко и учењето. Она што порано сте го запаметувале од едно читање, денес ќе морате да го прочитате повеќе пати. Можеби не ви оди со учењето и со примањето на нови информации, но затоа лесно ви оди со склучувањето нови пријателства. Искористете го тоа.
Водолија (21.01 – 19.02)
Денес ќе морате посебно да се потрудите за да ги средите недоразбирањата со партнерот. Бидете претпазливи зашто партнерот ќе почне да се навраќа на некои стари работи кои вие веќе сте ги заборавиле. Можеби ситуацијата ќе го ублажи враќањето на некој стар долг кој вие сте го простиле, но вашата втора половина не го заборавила. Вечерта ќе ја поминете со вашето друштво и како по обичај вие ќе бидете тој што ќе плати.
Риби (20.02 – 20.03)
Иако вам ви е најважно мислењето на вашето семејство и вложувате голем труд да ја заслужите нивната доверба, во последно време се обидувате да заслужите и почит од некои други луѓе надвор од вашето семејство. Вклучени сте во некој проект кој финансиски многу ќе ви значи. Поради тоа денес ќе се потрудите да се вмешате во групата со која работите и меѓу нив да најдете пријатели. Вашето однесување ќе биде пријатно изненадување за сите.