Овен (21.03 – 20.04)
Сонцето во вашиот знак нема големо значение, освен што едуцира лоша врска со слабиот Меркур поради што можете да бидете склони да донесувате одлуки во афект или да покажете голема доза на нетрпеливост. Не дозволувајте било кој да ве обесхрабри. Астероидот Палада ви носи добра концентрација.
Бик (21.04 – 21.05)
Слаб Меркур, слаба логика, одите преку своите можности, а напнатиот аспект со Сатурн ви носи конфузија на финансиски план, особено ако работите со странци или често патувате поради работата. Ако спаѓате во успешните лица, можно е во последно време да ве зафатила мрзеливоста, па така другите јавно ќе ви замерат за тоа.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Денес ќе се изненадите кога вашиот партнер ќе побара совет и помош од вас. Вие одамна му ги имате препуштено сите прашања што се однесуваат на домот и не сакате да се мешате во семејните работи. Иако не ви се допаѓа, ќе морате да се замешате за да го заштитите авторитетот на партнерот. На крајот, ќе бидете среќни и задоволни од заедничките одлуки.
Рак (22.06 – 22.07)
Партнерот полека почнува да носи некои одлуки без да се консултира со вас. Вие бевте оптоварени со други работи и тоа не го забележувавте. Денес ќе потроши повеќе од што мислите дека треба и бурно ќе реагирате. Ќе му ставите до знаење дека вие сте тој којшто се грижи околу финансиите. Олабавете се со помош на вашето хоби.
Лав (23.07 – 22.08)
Некои проблеми ќе бидат тешко решливи за вас. Најмногу ќе ве мачи помислата дека треба да смислите добра лага пред семејството. Тие во последно време го контролираат секој ваш потег и ги преиспитуваат вашите одлуки. Проблемот е во тоа што забележуваат дека се затворате во себе и не знаат што се случува со вас.
Девица (23.08 – 22.09)
Вие мислите дека се што е стекнато е благодарение на вашата напорна работа и некои работи не морате да ги објаснувате. Но, денес ќе морате да дадете одговор на нивните прашања. Најлошо од се е тоа што и вие не сте свесни каде сте потрошиле толкава сума. Поради нивното инсистирање ќе бидете принудени да се правдате, но одговорот ќе биде нејасен и никој нема да ви поверува.
Вага (23.09 – 22.10)
Денешниот ден ќе ви донесе поголема креативност и затоа е добро денес да се осамите и да размислите за вашите идни потези. Размислете да вклучите и некој пријател во проектот. Неговиот совет добро ќе ви дојде. Прашајте го семејството што сака од вас во иднина, тоа искрено ќе ви одговори и ќе ве подржи во намерите.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Логично размислувате и лесно учите. Единствена маана ви е тоа што не можете да се концентрирате на една работа и не знаете да си ја распоредите енергијата. Денес ќе биде еден таков ден во кој нема да знаете што да почнете, а што да завршите. Денес само ќе се измачувате без да постигнете резултат.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Денес ќе сакате да разговарате со вашиот претпоставен околу платата, но тој ќе го одложи разговорот за некој друг ден. Не размислувајте за штедење, вие сте преголем хедонист и такво нешто нема да ви одговара. Ако пријателите ве повикаат да ја поминете вечерта со нив, прифатете ја поканата. Ве очекува пријатна вечер.
Јарец (22.12 – 20.01)
Имате вложено голема надеж во проектот кој го работите во тајност. Денес ќе се двоумите кому прво да му ја кажете идејата, дали на пријателите или на фамилијата. Размислете добро, дали воопшто нешто да кажувате. Партнерот ќе помисли дека е тоа само една од вашите фантазии, а пријателите повеќе ќе сакаат да се забавуваат отколку да ве слушаат.
Водолија (21.01 – 19.02)
Најважна ви е слободата и никому не му дозволувате да ве ограничи. Често пати поради тоа имате проблеми со партнерот кој едноставно не може да ве сфати. Денес по кој знае кој пат ќе сакате да му објасните дека ви е потребен простор и дека понекогаш сакате да бидете сами. Партнерот нема да може да ве разбере, заради тоа што тој нема таква потреба. Не трудете се да го убедите дека сте во право затоа што може да дојде до кавга.
риба1
Риби (20.02 – 20.03)
Денес е можно да добиете некои пари од странство. Веќе неколку дена ги очекувате, но денес конечно ќе пристигнат. Се работи за пари, кои ќе ви ги испрати еден роднина, кој подолго време живее во странство. На тој начин ќе сака да ви покаже колку ве почитува и дека е спремен на секој начин да ви помогне. Вечерта ќе ја поминете во друштво на саканата личност и ќе се чувствувате како целиот свет да е ваш.