По разводот со руската манекенка Ирина Шајк, глумецот Бредли Купер си се релкасира со дружење со со својата двегодишна ќерка Леа. Овој викенд Бредли е снимен како со неа ужива во Дизниленд. Таткото и ќерката се сликани како уживаат во возење на вртелешка, а 44. годишниот Бредли не ја симнувал насмевката од лицето.
Бредли Купер на фотките е непрепознатлив. Тој пуштил мустаќи и малкумина од туристите во Дизниленд го препознале.
Инаку, по четири години тој ја прекина врската со Ирина Шајк. Бившиот љубовен пар сепак се разделил во коректни односи, а неодамна се договориле и околу старателството на ќерката Леа.