Пејачката Нада Обриќ вчера била итно оперирана. Лекарите и утврдиле дека таа по трет пат има заболено од рак. Нада пред два дена била примена во болница каде и било пренесено дека веднаш мора да и биде отстранат туморот.
-Се помина добро. Се надевам дека и на господ му се оддолжив и нема да има четврти пат – изјавила Нада за Телеграф.рс и додала:
-Имав притисок во мочниот меур и мислев дека е бактерија. Додека бевме со ќерка ми на море крварев во урината и кога се вративме дома иако анализите на крвта и урина беа добри, контактирав доктор кој ми е добар пријател и по анализите го откри туморот и закажа итна операција. Во тој момент како да си го видов погребот и солзите. Затоа апелирам, да си болен не е срамота и затоа мора да се оди почесто на контрола.
Инаку, пејачката во 1999 година имаше карцином на грлото на матката, а четири години подоцна и карцином на кожата.
фото: Марко Јовановиќ