Годинава Хрватска станува сè попопуларна дестинација меѓу холивудските ѕвезди. По Бон Џови, Силвестер Сталоне, Новак Ѓоковиќ, Селма Хајек Хајди Клум… да го помине својот одмор таму одлучи и актерката Шарлиз Терон.
Таа вчера пристигнала на Хвар со семејството и ручала во познатиот ресторан „Гарифул“, каде порачала јастог на жар и врвно вино, но потоа резервирала маса и за вечера. Шарлиз, замаскирана со сламнет шешир и големи очила за сонце, заедно со посвоената ќерка Аугуст се фотографирала со вработените во ресторанот по ручекот.
Тимот на ресторанот го искажа своето задоволство што актерката ги почестила со своето присуство, па на социјалните мрежи објавија видео од средбата со неа, пишувајќи:
„Моментот кога Шарлиз Терон ќе рече дека било супер!“.