За Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која синоќа замина во истражниот затвор „Шутка“ нема да има место во реновираното „хашко одделение“. Таму веќе е сместен првоосомничениот Бојан Јовановски – Боки 13, но не и второосомничениот Зоран Милевски – Кичеец, кои веќе одработуваат втор 30-дневен притвор за „Случајот Рекет“.
Како што објави „24инфо“ од извори во затворот „Шутка“ од безбедносни причини Јанева нема да може сигурно да биде во „хашкото оделение“. Какво сместување ќе добие првата специјална обвинителка за гонење на организираниот криминал Јанева, која по вчерашниот распит стана осомничена, оти и самата се вплеткала во криминалната мрежа со злоупотреба на службената положба, ќе одлучи затворската служба задолжена за редот и безбедноста на притворените во истражниот затвор.
Инаку, Катица Јанева утринава, во придружба на затворската полиција замина за Гевгелија за да присуствува на погребот на нејзината мајка.