Овен (21.03 – 20.04)
Препуштете му ги проблемите на времето, оставете ги идеите за некои поповолни денови, исклучете се и уживајте. Искористете го денот за лицата кои на вас ви се драги, пронајдете доволно време за себе и приватните обврски. Нека не ве загрижува неповолниот период, тој брзо ќе помине.
Бик (21.04 – 21.05)
Вашето тело ви испраќа јасни сигнали дека сте претерале со работењето. Иако мислите дека можете се, не е така. Затоа пронајдете време за одмор и обновување на енергијата. Деловните работи, обврските и задачите можат да почекаат, одложете се и посветете се самите на себе.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Малку сте затрупани со идеи и задачи кои мислите да ги направите денес. Денот има само 24 часа па тешко дека сето тоа ќе успеете да го реализирате. Намалете го темпото, ќе се намалат и нервозите. Некој пријател ќе ви даде одличен совет како да ги решите деловните проблеми кои ви создаваат главоболка.
Рак (22.06 – 22.07)
Ова е ден на лесни и пријатни односи со вашите пријатели. Денес нема многу да се грижите за постоечките хронични проблеми и ќе се оддадете на лични и приватни задоволства. сето тоа е во ред. Ама кога ќе се вратите – дома ве чекаат старите прашања.
Лав (23.07 – 22.08)
Пред вас се значајни финансиски трансакции кои сигурно ќе ја подобрат ситуацијата. Емоционално ќе бидете задоволни. Нема да можете да ги контролирате своите, во моментов надојдени страсти. Ваквата ситуација ќе ве зачудува вас, но и околината.
Девица (23.08 – 22.09)
Во утринските часови може да бидете нервозни и ќе настојувате да комплетирате некоја важна задача. Бидете внимателни во тенденцијата да ги критикувате сите околу вас! Ќе успеете да се смирите во попладневните часови, во текот на една средба со пријателите.
Вага (23.09 – 22.10)
Единствената опасност која ви се заканува за овој ден е брзоплетост и површност. Никаде не ве фаќа место. Токму сега ќе се двоумите дали да прифатите некоја друга работа или да одбиете. Најважно од се е да се обидете да ги разберете и другите, нивните постапки и желби. Токму за ова ќе ви помогне еден искрен разговор на пошироки теми во друштво на искрена личност.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
На професионално поле ве очекува пофалба од вашите претпоставени, за вашата сработена работа досега. Токму тоа ќе ви го подобри вашето расположение, а со вашата ведрина ќе го подобрите и вашиот љубовен живот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Постои веројатност дека ќе ви се случат корисни промени во вашиот живот, и тоа како во професионалните така и во социјалните аспекти. Вашите патишта може да не задоволуваат секого, но ќе ви овозможат да ги остварите вашите цели.
Јарец (22.12 – 20.01)
Денес може да дојде до расправија помеѓу вас и еден ваш пријател. Всушност се работи за борба на мислења во која секој од вас е во право. На крај ќе решите да му попуштите. Попуштањето нема да биде заради тоа што мислите дека тој е во право, туку поради тоа што убедувањето повеќе нема да ви биде интересно. Внимавајте на однесувањето на партнерот.
Водолија (21.01 – 19.02)
После подолго време на недоразбирања, денес конечно ќе седнете со партнерот и ќе разјасните некои работи. Ќе сфатите дека крајно време е да се ислушате и секој од вас да каже од што е незадоволен. Разговорот ќе помине во многу пријателска атмосфера и многу недоразбирања ќе бидат решени. На работното место ситуацијата ќе биде мирна, но ќе се чувствува некоја напнатост која многу ќе ви пречи.
Риби (20.02 – 20.03)
Денес ќе имате задача да му помогнете на еден помлад колега и да го упатите во работата. Ќе се потрудите да бидете другарски расположени кон него и чекор по чекор да го воведувате во работата. Иако тој тешко ќе ве сфаќа сепак ќе останете мирни и нема да се изнервирате. За жал, во партнерските односи нема да можете да останете мирни. Партнерот веќе подолго време ви забележува дека сте воздржани кон него и дека тоа му пречи.